четврток, 22. април 2021. Вести денес: 106
home Ракомет

Кире Лазаров ги собра за прв пат најдобрите ракометари како селектор

Кире Лазаров ги собра за прв пат најдобрите ракометари како селектор

Денес nајмладиот ракометен селектор во нашата историја, Кирил Лазаров ги пречека своите избраници со кои  во рамките на европските квалфикации за пласман на ЕП 2022 година ќе игра против светскиот шампион Данска.

Во потесниот список на Лазаров, се најдоа 23 ракометари, но на денешниот собир недостигаа неколку репрезентативци кои сè уште имаат клупски обврски.

Репрезентацијата треба да биде комплетна во понеделник.  Првиот дуел со Данска го играме на 11 март во Скопје, а три дена подоцна гостуваме во Алборг.

По две одиграни кола од квалификациите Македонија и Данска ја делат првата позиција со по две победи, додека без бодови се селекциите на Финска и Швајцарија.

foto:gol.mk

Коронавирус