понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 164
home Ракомет

„Кире Лазаров е поголем и од претседателот во Македонија, кога тој збори сите слушаат“

„Кире Лазаров е поголем и од претседателот во Македонија, кога тој збори сите слушаат“

Еден од најдобрите ракометари на битолски Еурофарм Пелистер, Ловро Јотиќ следната сезона нема да го гледаме во Битола откако реши да потпише за Бенфика.

Хрватот откако се спакува и си замина во својата татковина, говореше за искуството во нашата држава, поточно за ракометот.

Во интервју за „Гласот на Истра“, Јотиќ меѓу другото зборувшае и за капитенот на нашата селекција, Кире Лазаров.

„Во Македонија сите го сакаат ракометот. Се работи за земја која навистина прати ракомет, има успеси и има големи навивачи кои се фанатици. Кирил Лазаров е најголема легенда. Луѓето се шегуваат, велат дека Киро е поголем од претседателот на Македонија, ако тој каже нешто, сите слушаат. Тој е она што е Лука Модриќ во Хрватска на пример, иако не можам да споредам, затоа што кај нас во Хрватска има повеќе успешни играчи и тешко ми е“, изјав Јотиќ.

Коронавирус