Ракомет ПОЗНАТИ СУДИИТЕ КОИ ЌЕ МУ СУДАТ НА МАКЕДОНСКИОТ ТИМ

Кипрани ќе му судат на Алкалоид во Скопје, Италијанци во Сандефјорд

Кипрани ќе му судат на Алкалоид во Скопје, Италијанци во Сандефјорд

РК Алкалоид го чека европското полуфинале против Рунар Сандефјорд во Европската ракометна лига на ЕХФ, а судии на мечот ќе му бидат од Кипар..

На првиот дуел во „Автокоманда“ ќе суди кипарска двојка. Тоа се Георгиос Панајидес и Мариос Андреу. Делегат на натпреварот ќе биде Владимир Сокол од Хрватска.

Во реваншот во Сандерфјорд, Алкалоид ќе има италијански судии. Таму е назначена двојката Франческо Симоне и Пјетро Монитиљо, а делегат е Хлинир Леифсон од Исланд.

Натпреварот меѓу Алкалоид и Рунар се игра во недела од 19:00 часот. Реваншот е на 27 април од 17:00 часот во Норвешка.

To top