недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Ракомет

Кил му се реваншира на Порто, Рајнкинд во последната секунда ги занеме Португалците

Кил му се реваншира на Порто, Рајнкинд во последната секунда ги занеме Португалците

Ако на отворањето на осмото коло во Лигата на шампионите Татран Прешов претрпе тежок пораз од Спортинг со 15 гола разлика, вечерва вториот португалски претставник во европската елита, Порто прокоцка голема шанса повторно да приреди изненадување и да слави над великанот Кил.

Порто пред својата публика одигра уште еден квалитетен натпревар, но овој пат не успеа да ја преживее драмата, откако Рајнкинд на само неколку секунди до крајот на мечот погоди за голема победа на Кил од 29-30.

Дуелот во Португалија започна со подобра игра на домаќините, кои носени од Маркињо и Итуриза им создадоа големи проблеми на бундеслигашкиот гигант. Речиси во текот на сите први 30 минути домашните ракометари го контролираа мечот, играа полетно и ефикасно, а тоа резултираше со водство од два гола разлика на полувреме (16-14).

Ништо не се промени ниту на стартот од вториот дел, Порто продолжи да го полни германскиот гол, стигна до позитива од пет гола, но гигантот се разбуди и по подолга пауза успеа да го израмни резултатот (23-23).

Во самиот финиш се влезе во вистинска драма, Порто повторно поведе со два гола разлика (27-25), по што следуваа два гола на Кил за израмнување од 27-27. Домаќинот искористи две грешки на противникот и имаше ново водство од 29-27. Но, Кил на германски начин се врати во игра со голот на Рајнкинд и буквално во самиот финиш запиша значајна победа од 29-30.

Јакобсен со девет и Рајнкинд со седум гола беа најпрецизни во победничкиот табор, а кај Порто по пет гола постигнаа Итуриза и Бланко.