недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 18
home Ракомет

Кил ги однесе бодовите од Скопје, Вардар со нов пораз во ЛШ

Кил ги однесе бодовите од Скопје, Вардар со нов пораз во ЛШ

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 одлично го почна мечот против големиот Кил во рамките на ЛШ, но потоа падна во вториот дел, и на крајот беше совладан со 26-29 за трет пораз во низа во ова натпреварување.

Тимур Дибиров со 10 гола од 14 обиди, и Мартин Томовски со 14 одбрани беа најсветлите точки кај македонскиот тим, на другата страна Дувњак имаше седум гола.

На почетокот одбраните на Мартин Томовски ги искористија крилата Дибиров и Георгиевски кои постигнаа три гола за водство до 3:1. Потоа следуваше период на лоа игра на вардарци во нападот кои резултираа со технички грешки, а и Никлас Ландин имаше неколку одбрани кои придонесоа цели десет минути „црвено-црните“ да не постигнат гол, но благодарение на одбраните на Томовски кој фати шест топки во првите 12 минути, резултатот беше 3:3.

Потоа следуваше игра гол за гол се до самиот финиш на првиот дел, кога Вардар во 28 минута со двата гола на Дибиров и на Талески поведе со 12:10. Потоа Томовски имаше уште две одбрани, а Кевин Њокас во последните секунди од првиот дел постигна гол за водство на Вардар од 13:10.

Второто полувреме започна со гол на Дувњак, но експесно врати Јоел Моралес со својот прв гол на натпреварот, но потоа следеа два гола на Кил преку Реинкинд и Дувњак со кои германскиот тим намали на 14:13.

Оливие Њокас во 35 минути го носи Вардар на два гола предност (15:13), во гостите експресно враќаат преку Зарабец.

Вардар 37 минута повторно прави три гола предност благодарение на головите на Стоилов и Оливие Њокас (18:15). Одговорот на Кил беше серија од пет гола со кои поведе со 18:20 во 42 минута.

Црвено-црните“ во наредниот се обидуваа да фатат резултатски приклучок, тренерот Веселин Вујовиќ се одличи во напад да игра седум на шест, но промашувањата во нападот беа казнувани од ракометарите ма Кил кои поведоа и со три гола разлика (20:23), а во 50 минута германскиот тим поведе и со 21:25 по голот на Никлас Едберг.

Вардарци не се предаваа и во 55. минута со голот на Дибиров од седум метри намалија на 24:26, додека на теренот имаа двајца играчи повече поради исклучувањата на Дамке и Хорак. Германскиот тим и во тие моменти успеа да постигне гол преку Домагој Дувњак за 24:27. Вардар експресно намали преку Кудуз, но Екберг го совлада Ристовски од седум метри за водство од 25:28.

Одличен на голот на Вардар беше Мартин Томовски кој во првиот дел имаше 12 одбрани, од кои еден беше пенал, додека во нападот Тимур Дибиров постигна седум гола.

Вардар остана на пет бода и на шестото место, Кил има девет, колку и лидерот во групата А, Алборг. Во следното, седмо коло, Вардар му гостува на Пик Сегед.

foto: gol.mk

Коронавирус