сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 19
home Ракомет

Кил договори нова соработка со Дувњак и Екберг

Кил договори нова соработка со Дувњак и Екберг

Домагој Дувњак и Никлас Екберг ќе ја продолжат кариерата во екипата на Кил, кој успеа да ги убеди да останат уште неколку сезони.

Двата ветерани потпишаа договори кои ќе ги обврзе да ги бранат боите на „зебрите“ до 2024 година. Клубот се пофали со одлично завршената работа пред натпреварот против Магдебург, кој тимот на Филип Јиха го загуби на домашен терен.

33-годишниот Хрват е „моторот“ на екипата. Тој игра во редовите на бундеслигашот од 2014 година, што значи дека на крајот од договорот ќе направи една деценија во клубот од северниот дел на Германија.

Швеѓанецот, пак, има уште подолг стаж од него. Искусното десно крило потпиша договор со Кил во далечната 2012 година и важи за жива легенда на клубот.

Коронавирус