петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 11
home Ракомет

Келце преку видео му порача на Вардар: Карачиќ е наш!

Келце преку видео му порача на Вардар: Карачиќ е наш!

Остануваат уште два и пол часа до стартот на дуелот меѓу Вардар и Келце во рамките на Лигата на шампионите. Полскиот тим без тренинг во Скопје ќе влезе на дуелот со македонскиот и европски првак.

По вчерашното пристигнување Келце на својот официјален „Инстаграм“ профил сподели неколку видео-записи од салата „Јане Сандански“. Од таборот на гостинскиот тим наидоа на фотографија од Игор Карачиќ во дресот на Вардар, па веднаш интевенираа, дресот на хрватскиот ракометар го префарбаа во жолта боја.