сабота, 30. мај 2020. Вести денес: 18
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

Карачиќ: Сакам да победи Македонија, Виена ќе биде преполна со навивачи!

Карачиќ: Сакам да победи Македонија, Виена ќе биде преполна со навивачи!

Хрватската репрезентација која имаше перфектен скор по првата фаза на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, пристигна во Виена и ќе има два дена одмор пред стартот на дуелите од вториот круг.

Поранешниот вардарец Игор Карачиќ, кој се израдува многу при средбата со нас, Макецонците во хотелот, посакува победа на Македонија.

„Сакам да победи Македонија и со вас да играме во вториот круг. Тогаш ќе биде сигурно дека Виена ќе биде преплавена од наши и ваши навивачи“, вели Карачиќ за 24Ракомет.

Натпреварот меѓу Македонија и Австрија, кој ќе даде одговор околу патниците во вториот круг се игра вечерва во „Штадхале Арена“ со почеток во 18:15 часот.

 

Коронавирус