среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Ракомет

Карачиќ по херојскиот пресврт на Хрватска: Се потсетив на Вардар!

Карачиќ по херојскиот пресврт на Хрватска: Се потсетив на Вардар!

Со триумфот од 25:24, Хрватите си обезбедија нова завршница на еден голем турнир, а херој број еден беше Игор Карачиќ кој даде и интересна изјава по крајот на натпрварот.

-Премногу сум горд на своите соиграчи. Ова е натпревар на кој можеме да научиме како се гради карактер, како да се извлечете од тешка ситуација. Не знам што да кажам, едноставно верував во соиграчите, верував во стручниот штаб. Во одредени моменти од натпреварот се потсетив и на Вардар. Ова беше многу стресно за мене и соиграчите, но најважно од се е што верувавме во победа, – изјави Карачиќ кој сосема заслужено беше прогласен за најдобар играч на натпреварот на кој постигна седум гола.