сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 10
home Ракомет

Карачиќ не може без Вардар и поранешните соиграчи, пак беше во Скопје (ФОТО)

Карачиќ не може без Вардар и поранешните соиграчи, пак беше во Скопје (ФОТО)

Игор Карачиќ по цели седум сезони си замина од Вардар. Освои две европски шампионски титули и помина незаборавно време во Скопје, па се чини дека тешко му паѓа, што како и минатите сезони, наместо во македонската метропола, заминува во Келце.

Тој пред заминувањето на подготовки со полскиот првак, повторно го посети Скопје и се дружеше со своите поранешни колеги од „црвено-црниот“ тим.

Претходно со нив беше заедно на хрватското крајбрежје, а Германецот Дисингер му беше на гости во Мостар. По промоцијата во Келце, Карачиќ уште еднаш сврати во Скопје, што значи дека навистина не може без Вардар и без поранешните соиграчи.

ИЗВОР: 24РАКОМЕТ.МК