понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 104
home Ракомет

Карабатиќ го пропушта ЕП во Хрватска?

Карабатиќ го пропушта ЕП во Хрватска?

Еден од столбовите во одбраната на француската ракометна репрезентација, Лука Карабатиќ, најверојатно нема да игра на претстојното европско првенство кое за неколку дена ќе започне во Хрватска.

Помладиот брат Карабатиќ доживеа повреда за време на натпреварот во Златната лига против Египет кога во 41 минута во истегна лигаментот на десната нога.

-Му пруживме прва помош на лице место, но ќе мора да се направат дополнителни испитувања за да се утврди дали Лука ќе се опорави навреме, вели докторот на репрезентацијата Пјер Себастиен.

Не сакајќи да ризикува, селекторот Дидие Динар веќе повика замена за пивотменот на ПСЖ. Станува збор за играчот на Монпелје, Бенјамин Афгур.