среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Ракомет

Капитенот на Барса предвреме ја завршува кариерата

Капитенот на Барса предвреме ја завршува кариерата

Капитенот на Барселона, Виктор Томас поради здравствен проблем мора предвреме да ја заврши својата играч кариера.

Оваа информација десното крило ја соопшти денеска на прес-конференција на која беа присутни сите негови соиграчи како и првиот човек на клубот Хосеп Марија Бартомеу. Томас има проблем со срцето поради кој не може да продолжи да игра, па затоа овие неколку месеци (до крајот на сезоната) ќе бидат последни во неговата професионална кариера.

-Принуден сум да објавам дека се повлекувам од ракометот. Ова не е моментот, ниту начин, ама морам да се соочам со некои работи, сакам да имам нормален живот во иднина, а ако сакам така да биде морам да го оставам ракометот, -истакна емотивниот Томас кој на 15 февруари ќе наполни 35 години.

Томас целиот свој живот го носи дресот на Барселона со која ги освои сите можни трофеи, а имаше и големи успеси со националниот тим, златни, бронзени и сребрени медали од големите медали и ОИ.