вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 69
home Ракомет

Како ќе изгледа Вардар следната сезона – веќе се надзираат контурите на ростерот

Како ќе изгледа Вардар следната сезона – веќе се надзираат контурите на ростерот

Повеќе од јасно е дека „црвено-црните“ следата сезона ќе имаат драстично променет лик. Тревогата дека Вардар од следната сезона нема да постои си го направи своето.

Оние на кои што не им се чекаше веднаш си пронајдоа нови клубови. Почнувајќи од тренерот Парондо кој се сели на клупата на Египет, од Скопје си заминаа Карачиќ, Мораеш, Милосављев, Кисељев, Калараш и Јања Војводиќ.

Деновиве веќе почна да се вртат имиња на нови засилувања. Па така на голот би пристигнал Никола Портнер од Монпеље а во клубот остануваат Гедбане и младиот Кизиќ. На лево крило би играле Дибиров и Недановски, а и на десно крило остануваат Чупиќ, Шишкарев и Поповски. Практично на крилните позиции ќе нема промени.

На пивотменката позиција е капитенот Стоилов а друштво ќе му прави новиот Русин, Горпишин кој уште пред некој месец се пофали дека доаѓа во Скопје. Е сега на оваа позиција ќе мора да се најде уште еден ракометар, пред се со дефанзивни карактеристики.

На среден бек останува Скубе, а со оглед што си одат Карачиќ и Војводиќ, се отвара простор за нови засилувања. На лев бек се Дисингер и Горбок,  но нема да биде изненадување ако се ангажира уште еден ракометар. Ситуацијата на лев бек е покриена од Даинис Кристопанс, но ќе мора да се најде и алтернатива за него.

И за крај ако им се верува на Словенците, нов предводник ќе биде Урош Зорман.

Извор: sportclub.mk