петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 193
home Ракомет

Кадетките обезбедија финале на ЕХФ шампионатот во Клаипеда

Кадетките обезбедија финале на ЕХФ шампионатот во Клаипеда

Македонската кадетска женска ракометна репрезентација се пласираше во финалето на EHF W17 шампионатот кој се одржува во Клаипеда, Литванија.

Денеска во полуфиналниот натпревар нашите ракометни надежи славеа против селекцијата на Полска со 25:22.

Прв стрелец во нашите редови беше И. Младеновска со 12 голови, а шест помалку запиша Е. Ризоска. Противник нашите ракометарки во финалето ќе биде репрезентацијата на Исланд која претходно 32:31 беше подобра од Шпанија.

Локални избори 2021