сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

Кадетите се пласираа во финалето на ЕХФ шампионатот, за трофејот против Полска

Кадетите се пласираа во финалето на ЕХФ шампионатот, за трофејот против Полска

Македонската кадетска машка ракометна репрезентација со победата против Швајцарија од (34-33 по пенали) обезбеди финале на ЕХФ-шампионатот во Скопје и ќе се бори за трофејот и промоција во најквалитетната категорија – Европскиот шампионат на ЕХФ.

Натпреварот донесе драматична завршница, а по пенал рулетот среќен крај имаше за нашата рпрезентација.

Јунак беше младиот голман Иван Галевски, автор на три одбранети седмерци, и капитенот Митев, кој го реализира одлучувачкиот удар од седум метри. Нашите надежи одиграа нов одличен натпревар и ја запишаа втората победа во низа. За првото место во големото финале ќе се борат против Полска, која ја совладаа во групната фаза на турнирот.

Дуелот за освојување на шампионатот против Полска, која денес ја надигра Босна и Херцеговина со 41-29, се игра утре од 18:00 часот.

Коронавирус