понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 91
home Ракомет

Јотиќ си заминува од редовите на Вардар

Јотиќ си заминува од редовите на Вардар

Ловро Јотиќ си заминува од редовите на РК Вардар 1961 по само една сезона. Тимот на Лајпциг на својата официјална веб-страна го официјализираше неговото доаѓање во Бундес лигата. Јотиќ потпишува договор на една година со опција истиот да биде продолжен за уште една сезона.

Јотиќ беше голема желба на сегашниот тренер на ,,црвено – црните” , но по само една сезона и двајцата си заминуваат од таборот на најтрофејниот ракометен тим во државава.

Сега ,,црвено – црните” ќе треба добро да се ,,намачат” за да договорат квалитетно засилување коe ќе ја организира играта идната сезона заедно со Гаџа, кој останува во тимот.

ЕУРО 2020

Македонија