четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 42
home Ракомет

Ја прекина кариерата на 21 година поради психички проблеми

Ја прекина кариерата на 21 година поради психички проблеми

Матилде Хилеберг важеше за една од најталентираните ракометарки во Данска, но сега прашање е дали некогаш повторно ќе се појави на терените.

Тимот во кој настапува Твис Холстебро на официјалниот сајт објави дека 21 годишното крило одлучи да ја прекине кариерата на неодреден период заради психички проблеми.

Хилеберг во 2019 година неколкупати беше надвор од тимот како последица на ваквите проблеми, а во април изјави дека се чувствува како да удрила во ѕид и дека ракометот ја прави несреќна. Таа на почетокот на сезоната се врати во тимот но повторно чувствува нелагодност, а нејзиниот клуб објави дека не знае дали ракометарката ќе игра повторно ракомет.

„Заедно работиме да ја вратиме на нозе и да биде појака“, изјави директорот на клубот Јон Микелсен.

Младата ракометарка дебитираше за Данска минатата година, играше во Златната лига во март, но во септември во договор со селекторот Јоргенсен одлучи да се повлече од репрезентацијата на некое време.

извор: 24rakomet.mk

Коронавирус