четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 16
home Ракомет

Ја покори Европа, ама Червар не го сака во тимот

Ја покори Европа, ама Червар не го сака во тимот

Селекторот на Хрватска, Лино Червар ги соопшти имињата на ракометарите на кои ќе смета за квалификациските дуели против Швајцарија и Белгија на патот кон ново Европско првенство. Хрватите веќе имаат обезбедено пласман, но мора до крај да одиграат за да го обезбедат првото место во групата 2.

Она што зачудува е фактот дека одлучи во овие дуели да влезе без ракометарите на Вардар, кои ја освоија Лигата на шампионите. За Иван Чупиќ веќе е јасно дека не игра за Хрватска во последните години, но зачудува фактот дека го нема Игор Карачиќ кој имаше неверојатна партија.

Карачиќ не се најде на списокот, па оттаму е изненадувачки овој момент со оглед на тоа што се повикани и Дувњак и Циндриќ, кои исто така имаа напорни сезони со своите клубови.

Извор: 24rakomet.mk

 

Коронавирус