среда, 23. септември 2020. Вести денес: 157
home Ракомет

Извлечени групите за Струшкиот турнир

Извлечени групите за Струшкиот турнир

Одредени се групите за традиционалниот ракометен турнир во Струга кој се одржува на „Женска плажа“. Годинава поради пандемијата од коронавирусот ќе учествуваат само македонски клубови. Вардар, Еурофарм Пелистер и Металург ќе бидат најзвучните имиња кои ќе бидат дел од Струшкиот турнир.

Носител во А групата е актуелниот европски шампион Вардар кој ќе игра со Охрид, Бутел и Пелистер 2, додека во втората група ќе се сретнат Металург и Пелистер, а дел од неа ќе биде и домаќинот Струга како и Прилеп. Турнирот ќе се игра од 12 до 16 август, а се уште не е познато дали ќе биде дозволено присуство на публика.

Група А: Вардар, Охрид, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2

Група Б: Еурофарм Пелистер, Металург, Прилеп, Струга

Коронавирус