вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 0
home Ракомет

Изјавата на Лазаров од вчера е вистински хит по денешното реми

Изјавата на Лазаров од вчера е вистински хит по денешното реми

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, на вчерашниот брифинг со новинарите во Загреб зборуваше за победите против Словенија и Црна Гора, како и за она што не очекува на последниот натпревар против Германија.

Што се однесува до самиот меч со Германците, имаме нерешено од Ниш пред 6 години, тоа е позитивен резултат… Потпишуваме веднаш за нерешено против нив, изјави низ смеа Лазаров вчера.

Откако неговата желба се оствари, пред новинарите во микс-зоната Кире вечерва се пошегува дека можеби требало да посака победа.

– Требаше да речам дека ќе победиме, ќе победевме, моја грешка, – истакна расположениот Лазаров кој денеска постигна 5 погодоци против германската селекција.