петок, 14. декември 2018. Вести денес: 119
home Ракомет

Ивано Балиќ: Ракометот се игра на сила? Еден ракометар ќе ве разувери!

Ивано Балиќ: Ракометот се игра на сила? Еден ракометар ќе ве разувери!

Хрватска во првото коло од Европското првенство остана без еден од клучните играчи, Домагој Дувњак. Во тој момент за храватската јанвост сè се промени.

Што Червар ќе направи во оваа ситуација? Свесен ли е дека можеше да го поштеди Дувњак, но веруваме дека сега не троши енергија на размислувања за тоа што поминало. Червар размислува сто чекори наред, коментираат хрватските медиуми.

Легендарниот хрватски ракометар, Ивано Балиќ вели дека знае оти Червар има некаков план и дека искусниот стратег секогаш сè предвидува.

-Можеби ве чуди што после повредата на Дувњак го повика Денис Бунтиќ во репрезентацијата, но сигурен сум дека тој има уште изненадувања, вели Балиќ.

Ако некој знае како размислува Червар, коментираат хрватските медиуми, тоа секако е Ивано Балиќ. Заедно ги поминаа најубавите и најтешките моменти во кариерата.

-Откако остана без Дувњак, се посвети на играчите кои ќе ги користи на левата бековска позиција, каде што против Србија играше Дувњак. Ако е тоа Карачиќ, Лино сега зборува со него, вели Балиќ

Во меѓувреме, Балиќ говори и за играчот на Вардар, неговиот наследник Лука Циндриќ, момчето кое пред неколку години играше во Карловац, а денеска е еден од најдобрите европски плејмејкери.

Доволен беше само првиот чекор, забивањето во блокот и хаклерскиот трик за во Циндриќ да можат да се препознаат поранешните елементи од играта на Балиќ, како и неговата креација.

-За мене Циндра е најдобар играч. Многу напредуваше, доминира, спремен е во главата, гледа сè, припремен е, тактички разбира сè. Најдобар е. Ќе ве разувери вас дека денеска во ракометот победува само силата, вели Балиќ.