среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home Ракомет

Историска партија: Маестралниот Манасков е нов рекордер во Веспрем (ФОТО)

Историска партија: Маестралниот Манасков е нов рекордер во Веспрем (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков беше неверојатен на вчерашниот лигашки меч против Ференцварош на кој постигна повеќе од половина погодоци за Веспрем во триумфот од 29:25

Летечкото крило беше автор на дури 16 голови со што е ја мина бројката од 400 во дресот на унгарскиот великан. Меѓутоа оваа партија го внесе Деки и во историјата на Веспрем како играч со најмногу затресени мрежи на противникот на еден натпревар.

Оваа информација ја соопшти клубот кој му честиташе на нашиот ас за новиот рекорд.

Коронавирус