петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Ракомет

Исфрустрираниот Здрахала со некоректна изјава: Македонците како и секогаш, пак симулираа

Исфрустрираниот Здрахала со некоректна изјава: Македонците како и секогаш, пак симулираа

Некои чешки репрезентативци, исфрустрирани од поразите во Скопје во квалификациите за ова Европско првенство и во баражот за Мундијалот во Франција, не беа најкоректни во изјавите.

-Голема победа за нас, а посебно ми е драго што е извојувана против Македонија. Како и секогаш тие симулираа, а судиите наседнуваа на тој стил на игра. Во второто полувреме се подобривме и вративме во натпреварот“, изјави за чешките медиуми најдобриот стрелец на нашиот вечерашен ривал во Вараждин, Ондреј Здрахала.

Чешка остана со опција да се пласира во полуфиналето, но за тоа да го оствари мора да ја победи Словенија и да се надева дека Шпанија и Германија ќе ремиираат.

Коронавирус