четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 0
home Ракомет

Инфаркт меч во Загреб меѓу Хрватска и Белорусија!

Инфаркт меч во Загреб меѓу Хрватска и Белорусија!

Иако многуммина мислеа дека вечерашниот меч во загрепска Арена ќе биде само формалност за Хрватите, сепак Белорусите им пружија голем отпор на Хрватите.

Хрватските ракометари во инфаркт меч кој штотуку заврши во Загреб на „мускули“ успеаја да ја совладат Белорусија со 25:23.

Хрватските навивачи трепереа до последниот момент на мечот, откако Белорусите успеаја да израмнат на 23:23 на само две минути до крајот.

После ова нападот на Хрватите заглави, судиите ја подигнаа раката, па спас се бараше во Лука Циндриќ. Тогаш на сцена стапи плејмејкерот на Вардар, кој сам ја проби белоруската одбрана и погоди за 24:23.

Во последниот напад Белорусите не успеаја да упатат удар кон хрватскиот гол, па по пасивниот напад топката им беше одземена.

Конечните 25:23 ги постави Марко Копљар со гол во псоледните моменти од мечот.

Коронавирус