сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 21
home Ракомет

ИН МЕМОРИАМ: Почина делегатот од средбата Македонија – Грција

ИН МЕМОРИАМ: Почина делегатот од средбата Македонија – Грција

Делегатот од средбата меѓу Македонија и Грција, Црногорецот Небојша Вујисиќ почина денеска од срцев удар во Австрија каде што требало да ја следи трката во Формула 1, пренесува 24ракомет.

Вујисиќ почина на возраст од 50 години, а останува запишан како еден од најдобрите судии на сите времиња во Црна Гора, a од 2010 година беше на листата на делегати на ЕХФ. Тој многупати беше делегиран за натпревари во Македонија. Постојано беше присутен на младинските шампионати, а последниот меч го имаше на 16 јуни во Струмица на средбата Македонија-Грција.

Се работеше за голем пријател на Македонија кој за жал прерано го напушти овој свет и не успеа да продолжи со работата во ракометот во кој беше со децении.