Ракомет Македонија нема да оди на СП

ИХФ се одлучи да ѝ додели вајлд-карта на Хрватска

ИХФ се одлучи да ѝ додели вајлд-карта на Хрватска

Женската ракометна репрезентација на Македонија остана без пласман на Светското првенство, откако меѓународната ракометна федерација ИХФ се одлучи последното место да и го додели на хрватските ракометарки.

Македонија не се пласираше на Мундијалот низ квалификациите, но поднесе бараање за вајлд-карта заедно со Хрватска, Словенија и Литванија од Европа.

Како што додава ИХФ, нема посебни критериуми за доделување. Наместо тоа, тие земаат предвид голем број фактори, вклучувајќи го општиот развој и популарноста на ракометот во земјата кандидат, неодамнешните спортски достигнувања и потенцијалното влијание на учеството врз глобалниот развој на спортот.

Претходно ИХФ и додели вајлд-карта и на репрезентацијата на Кина.Со ова доделување на вајлд-карта, познати се сите земји учеснички на идното Светско првенство, кое се одржува во Германија и Холандија од 26 ноември до 14 декември.

To top