среда, 30. септември 2020. Вести денес: 16
home Ракомет

Игор Карачиќ прогласен за ракометар на годината во Хрватска

Игор Карачиќ прогласен за ракометар на годината во Хрватска
epa05214920 Igor Karacic of RK Vardar Skopje in action during the EHF Handball Champions League round of 16 match between Orlen Wisla Plock and RK Vardar Skopje, in Plock, Poland, 16 March 2016. EPA/Marcin Bednarski POLAND OUT

Поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ е прогласен за најдобар хрватски ракометар за 2019 година. Во својата последната сезона во дресот на македонскиот шампион, Карачиќ освои европска титула, диригирајќи на перфектен начин во Келн, во полуфиналето против Барса и финалето против Веспрем.

Хрватот беше прогласен за МВП на завршницата, а ја освои СЕХА-лига и домашниот шампионат. Иван Карачиќ освои 91 гласа, што му донесе убедливо прво место, пред уште еден вардарец, второпласираниот Иван Чупиќ.

Во вториот дел од годината, Карачиќ потпиша за Киелце, игра без грешка и во Полска и ужица голема доверба и кај тренерот Талант Душебаев.

 

Коронавирус