вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Ракомет

Игор Аниќ опција за РК Вардар!

Игор Аниќ опција за РК Вардар!

По заминувањето на двајцата кружни напаѓачи Рожерио Мораес и Глеб Калараш, Вардар тргна во потрага по нови ракометари на оваа позиција. Во овие моменти, дознаваме дека опција да дојде во Скопје и во редовите на Европскиот шампион има Игор Аниќ, кој оваа сезона ги бранеше боите на Целје.

Се работи за доста искусен играч кој во својата кариера има настапувано за великанот Кил, Гумерзбах, Нант, Монпелје и споменатиот тим на Целје. Аниќ е и поранешен репрезентативец на Франција, со која има освоено злато на Европското првенство во 2014 година и Светското во 2015.

Останува да видиме дали двете страни ќе ги договорат условите, за играчот и официјално да дојде во редовите на шампионот.