вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 1
home Ракомет

Идеалниот тим во ЛШ не може без вардарец, а за второто коло има и еден од Работник

Идеалниот тим во ЛШ не може без вардарец, а за второто коло има и еден од Работник

Европскиот првак Вардар го запиша вториот триумф во новата сезона во ЛШ, а дебитантот Еурофарм Работник, пак, вториот пораз и вторпат со еден гол-разлика, а двата македонски претставници во Лигата на шампионите дадоа по еден играч во идеалниот тим во второто коло од ракометната елита. И двајцата се од Хрватска.

Пред една недела Сташ Скубе, средниот бек на Вардар беше во идеалниот тим, а во оваа втора рунда место повторно меѓу најдобрите има за член на црвено-црните. Тоа е десното крило Иван Чупиќ, кој го водеше европскиот првак до победата против Порто за сефте триумф пред домашната публика вчера во СЦ „Јане Сандански“.

Покрај Чупиќ, претставник во идеалната седморка има и Еурофарм Работник од Битола, чиј лев бек Ловро Јотиќ си обезбеди место со осумте гола против шведски Савехов во минималниот пораз на битолчани на гостувањето.

ИДЕАЛЕН ТИМ ВО 2. КОЛО ВО ЛШ

ГОЛМАН – Жоан Ледо Менендез (Бидасоа Ирун)

ЛЕВО КРИЛО – Себастијан Бартолд (Алборг)

ЛЕВ БЕК – Ловро Јотиќ (Еурофарм Работник)

СРЕДЕН БЕК – Никола Карабатиќ (ПСЖ)

ДЕСЕН БЕК – Харалд Раинкинд (Кил)

ДЕСНО КРИЛО – Иван Чупиќ (Вардар)

ПИВОТ – Хендрик Пекелер (Кил)

Најдобрите седум во изборот на „ЕХФ ТВ“ после комплетирањето на второто коло во ЛШ може да го погледнете ТУКА.