вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 69
home Ракомет

И Ремили го напушта ПСЖ

И Ремили го напушта ПСЖ

Екипата на ПСЖ полека почнува да се растура барем кога е во прашање актуелниот играчки кадар бидејќи после голманот Жерард уште еден играч е пред заминување, а се работи за десниот бек Недим Ремили.

Следниот тим на Ремили најверојатно ќе биде Келце, а тоа би требало да биде еден од двата трансфери кои ги најави претседателот на екипата Бертус Сервас. Од Ремили се очекува да биде поддршка за Алекс Душебаев и заедно да формираат ударен тандем така што е сигурно дека ќе можат да се надополнуваат.

Во последните денови се зборуваше дека Ремили ќе се пресели во редовите на Алборг, клуб кој сака да направи дрим тим, но очигледно нема да се случи ова и дека тој е поблизу до трансфер во редовите на Келце.

Останува да се почека за ова да се изјаснат и од клубот од Полска, но што почнаа веќе да кружат информациите, и ова може наскоро да се очекува.

ЕУРО 2020

Македонија