петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

И ракометарите се „тепаат“ за тоалетна хартија! (ФОТО)

И ракометарите се „тепаат“ за тоалетна хартија! (ФОТО)

Хрватскиот голман Филип Ивиќ ги брани боите на германскиот Гумерсбах, кој во моментов е дел од Втората Бундес лига со амбиции догодина да се врати во елитното друштво.

Соиграч му е уште еден Хрват, Тин Контрец, кој стана „жртва“ на сторито на Инстаграм. Поради актуелната ситуација со коронавирусот, Ивиќ и Контрец биле во маркет во набавка на производи.

Се чини дека на пивотменот најважно му било да купи тоалетна хартија, како и на многу луѓе во Македонија.

Тој факт го искористи Ивиќ и во шега го „прозва“ својот соиграч, односно го замоли да врати барем дел од тоалетната хартија. „Врати ја хартијата“ – напиша Ивиќ со неколку емотикони. На фотографијата може да се види дека и во Германија, а не само во Македонија наголемо се купува тоалетна хартија.

Коронавирус