петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

И ЕХФ ќе работи од дома!

И ЕХФ ќе работи од дома!

Спортот застана поради коронавирусот, сите ракометни првенства се или одложени или завршени, а нема да се играат ниту европските купови и олимписките квалификации.

На љубителите на ракометот им се обрати претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер.

„Во сите држави важат различни правила. Ние внимателно ја следите ситуацијата, посебно спортската. Донесовме неколку одлуки кои имаат привремен карактер. Одлуките ги донесовме откако ги земавме во предвид сите достапни информации во тој момент, за да ги заштитиме лицата, клубовите, националните тимови, но и да ја минизираме економската штета. Сите го делиме интересот да организираме натпревари што е можно порано. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и да го разгледуваме секое можно сценарио за секое натпреварување посебно, но тоа сигурно нема виде во следните три седмици. Владата на Австрија го лимитира движењето и препорача да не се работи тоа што е неопходно. Затоа и ЕХФ воведува систем работа од дома и само најважните личности ќе бидат присутни во канцеларија. Ќе ве известуваме редовно за ситуацијата, а сите важни информации ќе бидат објавени на сајтот на ЕХФ и на социјалните мрежи. Ви посакуваме се најдобро и добро здравјево овие тешки времиња“, напиша Видерер.

ЕХФ ги одложи сите европските натпревари што требаше да бидат на програмата до 12 април, а тоа се осминафиналните дуели во машката ЛШ и четвртфиналните во женската ЛШ, дуелите од петто и шесто коло во групната фаза од машкиот ЕХФ Куп, двете средби од полуфиналето од женскиот ЕХФ Куп, како и четвртфиналните во машкиот Челинџ Куп и полуфиналните во женскиот Челинџ Куп. Покрај клупските натпревари беа одложени и натпреварите од квалификациите за ЕП во женска конкуренција во 2020 година.

Коронавирус