вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 77
home Ракомет

ХТВ го праша Чупиќ „со што го ранат Криштопанс“ – од одговорот се смее цела Хрватска!

ХТВ го праша Чупиќ „со што го ранат Криштопанс“ – од одговорот се смее цела Хрватска!

По дуелот Загреб – Вардар, цела Хрватска остана во неверица од партијата што црвено-црните ја пружија. Спортската редакција на ХТВ направи анализа по мечот, во емисијата гостуваше поранешниот македонски селектор Ивица Обрван., но ѕвезда на вечерта беше десното крило на Вардар, Хрватот Иван Чупиќ, кој ја изнасмеа цела тамошна јавност.

„Не се надевавме ни ние на ваков добар меч. Изгледаше дека е лесно, ама не беше. Одбраната беше феноменална, голманот одбрани сѐ друго. Ова е голем чекор кон осминафиналето од ЛШ, рече Чупиќ.

– Со што го раните Кристопанс?, запраша новинарот на ХТВ…

„Хахахаха.. со ајвар, со ајвар… хахахаха.. И со печурки… Реално, тој беше најдобриот играч, ако лани му требаше повеќе време дасе прилагоди на екипата, сезонава тој е локомотивата. Главен е и во напад и во одбрана. Кога имаме црни минути, само нему му ја фрламе топката и тој гаѓа од секаде. Главен е во најтешките мигови, дај Боже да остане здрав до крајот на сезоната“, рече Чупиќ.