недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 95
home Ракомет

Хрвоје Хорват со амин од Лино Червар назначен за селектор на Хрватска

Хрвоје Хорват со амин од Лино Червар назначен за селектор на Хрватска

Стратегот на Нексе, Хрвоје Хорват е назначен за нов селектор на Хрватска. Позицијата селектор остана празна после оставка на Лино Червар, која денеска ја прифати Управниот одбор во Хрватската ракометна федерација (ХРФ).

Хорват амин за нов селектор добил токму од Червар, кој е координатор во ХРФ. На адресата од Червар пристигнале три кандидатури. Една нив била од Хорват, а преостанатите две од поранешниот селектор Славко Голужа и легендата на хрватскиот ракомет Ивано Балиќ. Во тесна трка влегле Хорват и Голужа, додека Балиќ отпаднал поради немање на потребната лиценца. Хорват ја добил довербата поради добрите претстави на Нексе и планот и програмата, кои ги доставил до Червар.

Сакам да упатам голема благодарност до Управниот одбор за довербата и до Лино Червар кој ме предложи. Повеќе од осум години сум дел од младинските селекции, а последниве години активно сум вклучен во сениорскиот колектив како асистент. Свесен сум за одговорноста и предизвикот, но подготвен сум дадам се од себе за успешно да ја водам Хрватска. – изјави Хорват.

ЕУРО 2020

Македонија