среда, 8. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Ракомет

Хрватскиот џин се согласи, Вардар пронајде замена за Кристопанс

Хрватскиот џин се согласи, Вардар пронајде замена за Кристопанс

Недостига само официјализација, но Вардар веќе има нов десен бек и ново „парче во мозаикот“ на Стевче Алушовски за сезоната 2020/21. Откако пред два дена беше потврдено дека Анте Гаџа е нов ракометар на Вардар, ново име кое го засилува актуелниот европски шампион е десниот бек Јосип Векиќ.

Овој млад 22-годишен ракометар, висок 210 сантиметри, тежок 100 килограми и ќе претставува наследник на 215 сантиметри високиот, Даинис Кристопанс на позицијата десен бек. Векиќ играше за ППД Загреб во првата полусезона во Лигата на шампионите и постигна три погодоци (два против ПИК Сегед и еден против ПСЖ), а вториот дел го мина на позајмица во Дубрава.

Вардар треба да го официјализира трансферот следната недела, но тоа не значи дека преодниот рок ќе биде затворен. Се предвидува дека Вардар ќе донесе уште еден десен бек, бидејќи во овој момент ги има младите Јагуриновски и сега веќе Векиќ на десната бековска линија.

Европскиот првак досега го засилија Кантегрел, Талески, Георгиевски, Јагуриновски и Гаџа.

извор: gol.mk

Парламентарни избори 2020