петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 158
home Ракомет

Хрватскиот бек знаел зошто не дошла публика во „Арена“

Хрватскиот бек знаел зошто не дошла публика во „Арена“

Хрватските ракометари и медиуми остро реагираа на слабата посетеност во загрепска „Арена“, синоќа во тешката победа на Хрватска против Белорусија, но еден репрезентативец даде објаснување.

За Лука Степанчиќ јасно било зошто во „Арена“ имало само 8.100 гледачи, без малку пола од вкупниот капацитет од 15.200 гледачи.

„Денеска воопшто не требаше да играме. Сите очекуваа дека ќе играме в сабота, па затоа не купиле карти. Така што, слабата посетеност ја припишуваме на тоа. Сепак, морам да кажам дека во завршницата, атмосферата беше одлична, ѝ благодарам на публиката што нѐ бодреше“, рече Лука Степанчиќ.

Со ова го истакна киксот од првата фаза, против Шведска, со кој на Хрватите им побегна првото место во групата А. Ако беа први ќе играа в сабота, а не синоќа.

Коронавирус