петок, 14. декември 2018. Вести денес: 119
home Ракомет

Хрватски медиуми: Македонскиот пивот е граден како трокрилен ормар

Хрватски медиуми: Македонскиот пивот е граден како трокрилен ормар

Македонскиот пивот Стојанче Стоилов е граден како трокрилен ормар и тешко е д асе собори без фаул, се вели во коментарот на хрватскиот портал „24 сата“ за играта на нашиот пивот нa вчерашниот меч со Словенија.

-Кога би знаел да говори, што мислите, што денеска би кажал грбот на Стојанче Стоилов? На него синоќа ја издржа половина Словенија! Гледањето на ќотекот кој го доби од Благотиншек (Благи- каков парадокс за еден надимак), Жабиќ, Шухолезник, Мачковшек, во исто време беше и мачно и спектакуларно. Црвен во лицето како устата да му е полна со лути пиперчиња, со носот кој му допираше колена, сепак кога ќе се повлече цртата- остана на нозе, напиша спортскиот новинар Жика Богдановиќ во својата колумна,

-Ако на овој Стоилов еден ден му здосади ракометот, може слободно да се пријави за Стронгмен- да влече камиони од место со сајла преку грбот и да трча со тракторски гуми, беше првата порака која ја добив после мечот во Згареб од еден пријател- кој патем не се разбира во ракомет, но остана допрен после сето она што го виде во дуелот меѓу Македонците и Словенците.