петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

Хрватска првиот финалист на ЕП во ракомет

Хрватска првиот финалист на ЕП во ракомет

Стокхолм, 24 јануари 2020 (МИА) – Машката ракометна репрезентација на Хрватска по третпат во историјата ќе се бори за титулата европски шампион откако во полуфинале што траеше два часа и 15 минути и по две продолженија ја совладаа Норвешка со 29:28 (мечот во регуларниот дел заврши 23:23).

Голот за финале го постигна Жељко Муса на три секунди до крајот на средбата.

Најефикасен хрватски ракометар беше Домагој Дувњак, кој беше прогласен и за МВП, со осум гола, шест гола додаде Мариќ, Хорват реализира четири додека Степанчиќ го заврши настапот со три гола.

Прв стрелец кај Норвежаните беше Сандер Сагосен со десет погодоци, Гулеруд, Танген и Јоханесен дадоа по четири.

Вториот финалист на 14. Европско првенство во ракомет ќе биде познат по вечерашниот напревар меѓу Шпанија и Словенија.