среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 16
home Ракомет

Хрватска прими 8 гола со празен гол и загуби од Бразил, но најголемиот удар допрва следува: Лоши вести за Циндриќ

Хрватска прими 8 гола со празен гол и загуби од Бразил, но најголемиот удар допрва следува: Лоши вести за Циндриќ

Иако имаше одлична позиција пред стартот на втората фаза на СП во ракомет, сепак Хрватска направи кикс кога беше најмалку потребно и загуби од Бразил со 29-26 со што сега ќе мора да ги победи Германија и Франција за да игра полуфинале.

Особено лошо „каубоите“ одиграа во нападот седум на шест па Бразилците постигнаа дури 8 погодоци на празен гол.

Нивната предност во еден момент изнасуваше и 6 погодоци. Хрватска во финишот се доближи на еден гол но немаше сили да го избегне поразот и противникот се радуваше на триумфот од 29-26.

Покрај вчерашниот неочекуван пораз од Бразил, хрватската репрезентација се соочува и со дополнителен проблем по информациите дека до крајот на шампионатот се поизвесно ќе се мора без еден од најдобрите ракометари Лука Циндриќ.

Циндриќ се пожалил на повреда на полувремето од мечот со Бразил, па во продолжението не играше. Претходно ги пропушти и дуелите со Јапонија и со Македонија.

-Циндриќ на полувремето ме извести дека не може. Тоа е голем хендикеп. Не можам се уште да кажам дефинитивно дали првенството за него е завршено, но ќе се знае во текот на денот, вели хрватскиот селектор, Лино Червар.

А, прогнозите од лекарскиот тим не се добри. Иако неофицијално веќе внатре во хрватската репрезентација знаат дека СП за Циндриќ е завршено.