Ракомет

Хрватска остана без Дувњак на СП, дополнително е повикан Игор Карачиќ

Хрватска остана без Дувњак на СП, дополнително е повикан Игор Карачиќ

Ракометниот сојуз на Хрватска информираше  дека на местото на повредениот кашите Домагој Дувњак дополнително е повикан поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ.

„По прегледите со магнетна резонанца утврдена е повреда на листот. Поради тоа селекторот Дагур Сигурдсон го повика Игор Карачиќ да се приклучи на репрезентација и тој треба да биде пристигне во текот на денешниот ден“, потврдија од Ракометниот сојуз на Хрватска.

Засега не е познато дали турнирот за Дувњак е завршен, меѓутоа игурно е дека нема да биде во комбинација за настап против Египет во последниот меч од групната фаза на СП.

To top