вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 88
home Ракомет

Хрватска и со три победи во втората фаза може да остане без полуфинале

Хрватска и со три победи во втората фаза може да остане без полуфинале

Хрватите не загубија само обичен натпревар со вечерашниот пораз од Шведска, туку и сите лесни патеки кои водат до полуфинале на Европското ракометно првенство. Математиката вели дека постои многу реална можност Хрватите да не се пласираат во полуфинале дури и да ги победат сите три ривали од втората фаза, анализира порталот Спорт1.

Хрватска влегува во главната рунда со два бода, колку и Норвешка, но зад Шведска и Франција кои имаат по четири. Во полуфинале одат првите две селекции од групата, така што Швеѓаните и Французите уште отсега се во предност.

Проблемот е во тоа што нивната предност може да остане дури и ако Хрватите слават против Белорусија, Норвешка и против Франција, во трите кола соодветно. Во меѓувреме, ако Франција ги победи Шведска и Србија, а Швеѓаните слават против Норвешка и Белорусија, доаѓаме во ситуација кога Хрватска, Франција и Шведска сите ќе имаат по осум бода.

Во тој случај пресуден ќе биде кругот на натпревари меѓу трите екипи, односно кој кого со колку разлика го победил. Хрватите веќе имаат минус четири од поразот со Шведска, така што ако нивната (потребна) победа над Франција биде минимална, ќе останат со најлоша гол-разлика во тој тријаголник и ќе завршат трети, без полуфинале.

Ова сценарио е сосема реално, со оглед на квалитетот на Французите и на Швеѓаните. Се чини дека најтешкиот услов од „равенката“ е Хрватска да ги добие сите три следни противници.

 

ГРУПА 1

1. Шведска 4

2. Франција 4

3. Хрватска 2

4. Норвешка 2

5. Белорусија 0

6. Србија 0