недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Ракомет

Храбриот Еурофарм не издржа до крај, со пораз од Спортинг тргна во ЛШ!

Храбриот Еурофарм не издржа до крај, со пораз од Спортинг тргна во ЛШ!

Еурофарм Работник не успеа да го повтори успешниот старт од СЕХА лигата и својот дебитантски натпревар во Лигата на шампионите го заврши со пораз во рамки од групата Ц.

По трилер завршница со победа од Битола си замина португалскиот вицешампион Спортинг Лисабон, откако потешко од очекуваното ја потврди фаворитската улога и со 29-30 (16-15) го совлада македонскиот тим.

Кај македонскиот тим најрасположени беа Остроушко и Јотиќ со по пет гола, а Шевелев и Стјепановиќ погодија по четири , додека кај Спортинг се истакна Џиноа со десет гола. Битолчани право на поправен ќе имаат веќе в среда, за кога е закажано гостувањето во Шведска кај Савехоф.