Ракомет

Холанѓанецот, Ларс Кој во одбрана на македонските навивачи

Холанѓанецот, Ларс Кој во одбрана на македонските навивачи

Холандија по вторпат за две години ѝ зема скалп на Македонија на еден голем ракометен собир. Но, синоќа во Вараждин беше далеку понеизвесно и повозбудливо за разлика од средбата во Краков, а тензиите од теренот се пресликаа и на трибините од каде имаше огромно незадоволство поради бројните контроверзни одлуки на судиската двојка од Данска.

По средбата во Вараждин, вардарецот Ларс Кој, на домашната јавност ѝ објаснал за страста и љубовта на македонските фанови кон ракометот и репрезентацијата.

„Тоа е сосема поинаков свет и култура. Сè што прават, прават со голема страст, дури и во некои разговори ќе помислите дека се бесни едни на други, но тоа е сосема нормално за нив. Можам да кажам дека се отворени и пријателски луѓе, но во спортот, секогаш сè е прашање на живот или смрт. Ако победиш си Господ, но по секој пораз си никој и ништо. Нe им го разбирам јазикот и не знам што викаат, но можам да кажам дека се фрла со најразлични предмети кон играчите. Во Македонија атмосферата е фантастична, игравме дерби во Скопје пред 4.000 навивачи, тоа беше специјално, прекрасно искуство“, рече Кој за холандски „Телеграф“.

На средбата со Македонија кружниот напаѓач на Вардар постигна четири гола.

To top