понеделник, 12. април 2021. Вести денес: 99
home Ракомет

Херојски пресврт за Лазаров, отпишаниот Нант го исфрли Киелце!

Херојски пресврт за Лазаров, отпишаниот Нант го исфрли Киелце!

Киелце и Нант одиграа супер интересен реванш во осминафиналето од Лигата на шампионите кој донесе среќен крај за францускиот тим (31-34), кој загуби на првиот дуел пред една недела.

Гостите започнаа одлично и веднаш наметнаа свое темпо на игра. Тоа им донесе посакувана предност во текот на сите 30 минути. Веднаш беше анулирана негативата од првиот натпревар, а со два гола во низа францускиот тим стигна до задоволувачки 13-15 на пауза.

Избраниците на Талант Душебаев се разиграа во првите десет минути од второто полувреме. Играта со човек повеќе Киелце ја претвори во прво водство по подолго време. Фернандез Перез го израдува домашниот тим, кој потоа одново влезе во криза и дозволи противникот со два гола по ред на Лазаров да поведе со 26-28 на десет минути до крајот.

Во завршните моменти Карачиќ промаши напад и им овозможи на гостите да реализираат за +2. Ентрериос повика тајм-аут по кој успешен напад беше комплетиран преку Ривера. Домашните ракометари брзо возвратија, но точка на мечот на половина минута до крајот стави Кавалканти.

Ривера реализира девет, Мине постигна осум, Кавалканти шест, а Лазаров го заврши мечот со четири погодоци. Кај Киелце најефикасен беше Кулеш со шест гола. Нант во следната фаза веројатно ќе игра со Веспрем, кој брани голема предност на вториот дуел со Вардар.

Коронавирус