вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 122
home Ракомет

Хановер на Кузмановски оствари победа над Кобург

Хановер на Кузмановски оствари победа над Кобург

Филип Кузмановски со неговиот Хановер славеше над Кобург со 33-26 во вечерашната средба од 28 коло во првата лига на Германија.

Хановер важеше за фаворит на дуелот, статус кој го потврди на теренот за 9 триумф со кој дополнително се оддалечи од местати кои водат во понизок ранг. Нашиот репрезентативец беше автор на еден гол од еден обид, но забележа четири асистенции.

Мартиновиќ со осум постигнати голови беше најфикасен поединец на мечот.

Вецлар на Филип Миркуловски претрпе изненадувачки пораз од Лемго од 27-21, популарниот Жути имаше само еден неуспешен обид за гол.

ЕУРО 2020

Македонија