сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 67
home Ракомет

Грците се заканија: Ако видиме Македонија, ќе напуштиме терен!

Грците се заканија: Ако видиме Македонија, ќе напуштиме терен!

Домаќините денеска би можеле да го напуштат теренот во Кожани. Со вакви закани излезе првиот човек на грчкиот ракомет, Костас Гантис, пренесува „Екипа“.

Претседателот на Ракометната Федерација на Грција на вчерашната прес-конференција потенцираше дека неговата селекција е подготвена на слично сценарио на она од пред една година, кога на шампионатот за младинки во Скопје грчкиот национален тим се повлече на самиот почеток од дуелот со нашата репрезентација бидејќи на маиците пишувало Македонија.

-Дефинитивно ќе го напуштиме теренот. Повторувам, на ова гледаме како на спортски меч, а соседната земја треба да го користи името со кое е признаена меѓународно, се останато би довело до несакан след на околности. Сепак, да бидам искрен годинава бевме на Европско младински првенство во Скопје и немаше никакви проблеми. Исто така, по ждребот во Трондхајм имавме средба со претставници на федерацијата на соседната земја и начелно се договоривме да не се повторат несакани случки како оние од минатото лето во Скопје,  одговори Гантис на прашањето што би се случило доколку има провокации од страна на гостите.

Македонските и грчките ракометари се сместени во ист хотел во Кожани, без апсолутно никакви проблеми, па останува и битката на теренот да мине во исто светло, без политички провокации и инциденти.

Коронавирус