вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Ракомет

Граџан: Ниту еден натпревар не се препушта на случајот

Граџан: Ниту еден натпревар не се препушта на случајот

Со ремито во Шафхаузен и победата во Атина, Еурофарм Пелистер го скрши малерот на гостувањата и растеретен патува кај лидерот во групата во Европската лига, Спортинг Лисабон.

Елмир Граџан смета дека Португалците играат слична одбрана како и Еурофарм Пелистер и тоа може да биде од помош при подготовката на натпреварот.

„Победивме против АЕК и Татабања, но би го спомнал и многу важниот бод од Швајцарија, каде игравме лошо прво полувреме и на крајот успеавме да се вратиме со еден бод. Сега тој бод е многу важен. Ниту еден натпревар не се препушта на случајот и како и досега ќе играме на победа.Пред две сезони игравме против Спортинг. Имаат одлична екипа, брз проток на топка и слична одбрана како нашата. Мислам дека ќе се подготвиме и нема да имаме проблем да ја пробиеме“, рече Граџан.

Пелистерци во комплетен состав отпатуваа во Лисабон и вечерва ќе го одработат единствениот тренинг пред дуелот утревечер од 20:45 часот. Кога последен пат се соочија двете екипи, во групната фаза на Лигата на шампионите 2019/20, Спортинг двапати ги совлада битолчани.

Коронавирус