понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 100
home Ракомет

Горбок успешно опериран во Загреб

Горбок успешно опериран во Загреб

Левиот бек на Вардар, Сергеј Горбок имаше операција на коленото во Загреб кој мина во најдобар ред, соопштија „црвено-црните“ на клупскиот сајт.

На почетокот на месецов Горбок на тренинг го повреди коленото, а потоа беше утврдено дека се работи за предните вкрстени лигаменти.

Горбок од Загреб треба да се врати во Скопје, каде во следните неколку месеци ќе трае процесот на рехабилитација.

Во Вардар се надеваат дека нивниот играч ќе биде во составот во завршницата од сезоната.

Коронавирус