вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 104
home Ракомет

Гонзалес: Мора да одиграме добро ако сакаме успех против Мешков

Гонзалес: Мора да одиграме добро ако сакаме успех против Мешков

Европскиот шампион и актуелен освојувач на СЕХА Лигата, Вардар утре го игра првиот полуфинален дуел во регионалната лига против Мешков Брест. Дуелот во „СЦ Јане Сандански“ почнува од 17:45 часот а на прес-конференцијата пред мечот, тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалес изјави дека нема да биде лесно да се избори пласман во финалето.

– Не сметаат за фаворити, но ние мораме да одиграме добро ако сакаме успех. Играме полуфинале против тежок ривал. Брест Мешков е одлична екипа, која игра квалитетно. Ние ќе играме пред нашите навивачи, па тоа ќе ни биде од голема помош. Ќе се соочиме со екипа која има одличен тренер и екипа која секогаш игра мотивирано против нас, прокоментира Гонзалес.

Тренерот на белорускиот шампион, Сергеј Бебешко на пресот пред дуелот со македонскиот тим изјави се среќни што се пласирале меѓу најдобрите четири екипи во СЕХА но и дека ги очекува тешка задача во полуфиналето против европскиот првак.

– Дојдовме тука да одиграме најдобро што знаеме. Играме против Вардар, кој е домаќин, а тоа е силен ривал кој во моментов е еден од најсилните тимови во Европа. Имаме проблеми со повредени ракометари, но имаме силен карактер и ќе се обидеме да парираме против Вардар, истакна Бебешко.