вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 14
home Ракомет

Гонзалес: Ќе ми биде чудно против мојата Шпанија

-Ќе ми биде чудно вo недела против мојата Шпанија. Од друга страна сум среќен што одиме во втората фаза со три пренесени бода. За нас тоа ќе биде еден вид финале. Сега ќе се одмориме па подготвени да настапиме на тој натпревар. Очекувам интересен меч. И Шпанците се среќни што ќе играат со нас. Ми се јавија многу шпанските новинари кои се интересираат за нашата селекција, истакна Гонзалес.
Гонзалес: Ќе ми биде чудно против мојата Шпанија

Шпанскиот тренер Раул Гонзалес кој ја предводи македонската репрезентација на Европското првенство во Хрватска, вo недела за прв пат ќе има дуел против неговата земја.

-Ќе ми биде чудно вo недела против мојата Шпанија. Од друга страна сум среќен што одиме во втората фаза со три пренесени бода. За нас тоа ќе биде еден вид финале. Сега ќе се одмориме па подготвени да настапиме на тој натпревар. Очекувам интересен меч. И Шпанците се среќни што ќе играат со нас. Ми се јавија многу шпанските новинари кои се интересираат за нашата селекција, истакна Гонзалес.

Раул очекува Македонија на високо ниво да игра и во Вараждин.

– Тешко е да го задржиме ритамот, ама кога имаш мотив испадна подобро отколку што мислевме. Паузата од три-четири дена добро ќе ни дојде. Не очекувам голем психолошки притисок без оглед што сме први во новата група. Ќе треба да си ја играме нашата игра, рече тој.

Шпанскиот стручњак додаде дека Македонија може да стигне до полуфинале, иако, како што рече, ќе биде многу тешко против силните противници.

Коронавирус